Убавина

Модни грешки поради кои ќе изгледате 5 килограми подебели

Кога ја бираме облеката што ќе ја носиме секогаш сакаме таа да ни ласка на фигурата, да ги сокрие можните недостатоци и да истакне на телото сè што сакаме, секако во границите на добриот вкус. Меѓутоа, понекогаш се прават грешки кои можат да бидат виновници затоа што се чувствуваме непријатно во облеката и поради кои изгледаме подебели отколку што навистина сме.

Затоа внимателно изберете ја вашата гардероба и избегнувајте ги овие грешки. Ќе ви го уништат изгледот и ќе ве натераат да изгледате 5 килограми подебели.

1. Светли фармерки

Фармерките избелени на бутовите прават дури и потполно слабите жени да изгледаат пополни. За да ја избегнете оваа, според модните експерти вообичаена грешка што ја прават жените, секогаш избирајте потемни модели на фармерки кои ќе ѝ се додворуваат на вашата фигура.

2. Претесна облека

Претесните маици, фустани, здолништа или панталони, визуелно ќе направат да изгледате како да се борите со вишокот килограми. Не се водете според големината што е напишана на нив, бидејќи величините варираат од производител до производител, туку според тоа како нешто ви одговара. Избирањето модели кои ве затегнуваат е најголема грешка. Ништо полошо од ова не можете да направите за вашиот изглед.

3. Ни прешироката гардероба не е добро решение

Во последно време во тренд се пошироките кроеви, но и тука не треба да се претерува. Како што тесната гардероба не е добра, така и премногу широките парчиња не се паметен избор. Ризикувате да изгледате неуредно и дебело во нив. Доколку ви се допаѓаат вреќасти парчиња, погрижете се секогаш да ги комбинирате со нешто тесно, на пример поширок дуксер со хеланки.

4. Избирате погрешни чевли

Како што облеката може да направи фигурата да изгледа неконзистентно, така може и чевлите. Лошиот избор на модели може визуелно да ја скрати ногата и таа да изгледа пополно. Избегнувајте плитки чизми исечени на средината на рисот, заоблени чевли, а ако сте пониски чизмите над колена воопшто не се за вас, пишува магазинот Стил.

Слични написи

Нега на сувата кожа во зима

Biba

Освежете го својот дом со пет природни состојки

admin

Пијалок за кожа како од фотошоп

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.