Потребни состојки:
250 г мрсно сирење
100 г путер
5 модри патлиџани
1 јајце
1 главица кромид
магдонос
сол
Начин на подготовка:
- Модрите патлиџани се лупат и обаруваат во солена вода. Кога ќе омекнат, водата да се исцеди и да се остават модрите патлиџани да се оладат.
- Секој модар патлиџан да се пресече на половина по должина и внимателно да се издлаби.
- Извадениот дел од модриот патлиџан ситно да се исецка, па да се измеша со 250 грама мрсно сирење и 50 грама путер.
- Во тоа да се додаде главица ситно исецкан кромид, малку магдонос и едно цело јајце.
- Да се наполнат половинките од модрите патлиџани со подготвената содржина, да се наредат во добро намастен огноотпорен сад, а на врвот од секој модар патлиџан да се стави парче путер и јадењето да се испече во загреана рерна.
На здравје!