Наука

Мистерии на Месечината за кои НАСА нема објаснување

Поминаа 40 години откако американските астронаути одеа по Месечината, а НАСА сè уште има работи поврзани со земјиниот природен сателит што не може да ги објасни.

Не знаеме како настанал, од каде се појавила водата, има ли живот на него и многу други.

Еве неколку работи за Месечината кои сè уште се необјаснети.

  • Како се создала Месечината? Научниците сè уште немаат објаснување за тоа, иако веруваат дека се создала после силен судар со Земјата. Се верува дека пред 4,5 милијарди години дошло до судар од кој се создале бројни парчиња, остатоци кои завршиле во земјината атмосфера и со време се споиле во едно тело. Но, прашањето е дали судар со толкава сила не би ја изместил Земјата од нејзината орбита.
  • Како се нашла вода на Месечината? Прв пат НАСА пронашла вода на Месечината во 2009 година, во форма на мраз заробен под површината. Но научниците сè уште немаат објаснување како всушност дошло до тоа. Се верува дека постоел период кога Земјата и Месечината биле бомбардирани од астероиди и комети и некои од тие објекти можеле да донесат вода на Месечината и да создадат океани и мориња на Земјата. Анализите што се направени на материјалите што ги донеле мисиите на Аполо 15 и Аполо 17 во седумдесеттите години од минатиот век, креирале нова теорија. Хемискиот состав на карпите од Месечината сугерира дека водата била присутна во длабочината, а до површината дошла со ерупции на вулканите. Тоа значи дека водата постоела на Месечината и пред да дојде до судар со Земјата.
  • Од каде е кратерот “замрзната замка”? Поради тоа што на Месечината нема атмосфера и заштита од сончевите зраци, температурните разлики на површината се екстремни помеѓу денот и ноќта. Површинската температура на Месечината се качува до 127 степени Целзиусови преку ден, а се спушта до -173 степени преку ноќ. Предметите преку ден се печат, а преку ноќ смрзнуваат. Многу предмети што се скриени од сончевите зраци имаат површински месечев мраз. Многу од овие таканаречени “замрзнати замки” се наоѓаат на страната на  Месечината која не се гледа од Земјата.
  • Има ли на Месечината вонземјани? Вечното прашање за кое научниците сè уште немаат одговор. Научниците веруваат дека водата скриена под површината во себе содржи древни микроби, вонземен живот. Но одговорот на тоа прашање ќе остане непознат сè додека не се земат примероци длабоко од внатрешноста, не се испитаат и не се утврди има или нема вонземен живот.

Слични написи

Носењето на мобилниот телефон во џеб предизвикува синдром на фантомски вибрации

Biba

На кои начини комуницирале диносаурусите?

Biba

Морничаво откритие на научниците за дождовницата

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.