Потребни состојки:
40 г свеж квасец (1 коцка)
5-6 јајца
300 г шеќер
250-300 мл зејтин
250 мл топло млеко
1 кг брашно
200-300 г суво грозје
1 јајце за премачкување
Од оваа количина излегуваат 4-5 ролати, а по потреба, состојките може и да ги преполовите.
Начин на подготовка:
- Во еден сад ставете го квасецот да стаса во топла вода и малку шеќер, а за тоа време во друг, длабок сад, со жица за матење изматете ги јајцата со шеќерот.
- Кога ќе се стопи шеќерот, во садот додајте ги зејтинот и млекото. Убаво измешајте ја оваа смеса да се изедначи и потоа почнете постепено да додавате брашно. Во зависност од големината на јајцата, додајте повеќе брашно ако има потреба и измесете меко тесто.
- Оставете го тестото да стаса, потоа премесете го и поделете го на 4-5 дела. Од секој дел расукајте правоаголна кора, посипете суво гројзе колку што сакате и завиткајте ја кората во ролат.
- Ролатите наредете ги во тепсија намастена со маргарин. Оставете ги уште 5-10 минути да стасаат, потоа премачкајте ги одозгора со јајце и печете ги во рерна загреана на 200 степени Целзиусови, додека кората да добие златнокафеава боја.
- Милибродот може да го послужите ладен или топол, да го сервирате како десерт или како оброк со чаша млеко.
На здравје!