Автомобилизам

Мик Шумахер оди по стапките на својот татко

 

Мик Шумахер, син на легендарниот возач на Формула 1 Михаел Шумахер, стана член на Академијата на Ферари.

Деветнаесетгодишниот Мик минатата година од втор обид успеа да ја освои титулата во Формула 3 и веќе оваа сезона вози во Формула 2, последното скалило пред влезот во големото шоу наречено Формула 1.

Малиот Шумахер оваа сезона ќе има двапати шанса да тестира болиди на Ферари, што не значи дека сепак во иднина ќе стане возач на Ферари.

Според предвидувањата на експертите, Мик Шумахер наскоро ќе го добие своето место во Формула 1, најдоцна до 2021 година.

Оваа сезона улогата на тест возач на Ферари ја има Паскал Верлејн, кој го замени Даниел Квијата поради заминување како возач за Торо Росо.

 

Слични написи

McLaren го претстави долгоочекуваниот модел GT

Biba

Тесла Роудстер од втората генерација ќе има забрзување како Формула 1 болид

Biba

Со Хјундаи Елантра од 2013 година поминала дури 1,6 милиони километри

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.