Мет Дејмон постави нов рекорд со купување на најскапиот стан во Њујорк

Глумецот Мет Дејмон (“Марсовецот”, “Борновиот идентитет”) купи пентхаус во Њујорк и за него даде дури 16,75 милиони долари.

Шестособниот пентхаус се наоѓа во Бруклин Хајтс, сместен е на 11-12 кат и има 1900 квадратни метри.

Уреден е многу луксузно, а покрај стандардните простории има и фитнес просторија. Исто така, на услуга му се и вратар и чувар во кој било период од денот.

Од прекрасниот стан има поглед на Статуата на слободата и мостот Вилбург.

Инаку, зградата датира од 1903 година и претставува највисок објект на таа локација.

Рекордот за најскап стан во Њујорк до сега го имаше познатиот фотограф Џеј Мејзел со 15,5 милиони долари.

Забрането е копирање на текстот!