Мет Гала во Њујорк донесе несекојдневни креации

 

Годишната хуманитарна манифестација која се одржува во Институтот за костими на Метрополитен музејот на уметност во Њујорк – Мет Гала, се одржа минатата вечер, на неа учествуваа бројни познати и славни личности и донесе многу несекојдневни креации.

Овогодинешната тема на манифестацијата беше “Camp: Notes on Fashion” инспирирана од есејот на познатиот фотограф Сузан Зонтаг од 1964 година. Комбинациите што се носеа оваа година беа хумористични, иронични, полни со иронија, театралност и претерување.

Вечерта започна театрално со појавувањето на Лејди Гага, која на себе имаше неколку слоеви облека. По соблекувањето на надуваниот розев “падобран” фустан, остана во црн фустан со ѕвоно, па во розев тесен фустан, за на крајот да заврши со мрежести чорапи со градник и гаќички.

Актерот Мајкл Ури кој е познат по улогата во серијата “Ugly Betty”, се претстави како маж и жена во едно. Имаше фустан на принцеза и машки костим, накит, а дел од лицето му беше нашминкано.

Една од најимпресивните креации на лицето ја имаше актерката Езра Милер која имаше три пара очи, додека Кејти Пери се појави облечена во лустер.

Пеачката Били Портер имаше златни крила, а Селин Дион беше непрепознатлива, елегантна и блондинка.

Актерот Џеред Лето за секој случај си понел и дополнителна глава.

Фотографите на манифестацијата дефинитивно имаа многу интересна вечер, а гостите и оваа година не потфрлија со својата креативност.

 

 

 

 

 

Don`t copy text!