Здравје

Метода на американската војска која гарантира заспивање за 2 минути

Откриена е метода која војниците ја користат како би осигурале доволно сон, а кој наводно скоро на сите им гарантира дека ќе заспијат за две минути.

Едноставен систем на американската војска е откриен во книгата Relax and Win: Championship Performance, каде што пишува дека методот има 96% успешност, после неколку недели на вежби.

Системот е осмислен кога во војската откриле дека пилотите прават грешки заради стрес и неспиење. Дури и кога не биле на смена биле уморни и не можеле да се одморат и наспијат. Нивниот стрес се таложел и така се случувало да направат фатални грешки. Оваа метода според нив прави чуда.

Прв чекор – опуштете ги мускулите на лицето, вклучително јазикот, вилицата и мускулите околу очите.

Втор чекор – Спуштете ги рамења ниско колку што можете повеќе.Опуштете ги горниот и долниот дел од едната рака, а потоа и од другата.

Трет чекор– Издишете, опуштете ги градите, а потоа пополека опуштете ги нозете почнувајќи од бутовите.

Наведуваат дека успехот е неизбежен.

Слични написи

Зошто мора почесто да јадете костени

Biba

Насмевката на лицето е најважна за здрав и долг живот

admin

Како да спиете за време на бременоста

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.