Патуваме

Места кои се вредни за посета ако патувате во Глазгов

 

Глазгов е град во Шкотска кој го краси импресивна архитектура и голем број културно-историски споменици. Еве неколку места кои задолжително треба да ги посетите ако одите во Глазгов.

Реката Клајд

Со должина од 175 километри, реката Клајд е втората најдолга река во Шкотска, а осма по должина во Велика Британија.

Свети Лука

Одете на свирка во уметничкото и музичко собиралиште Свети Лука. Сите љубители на добра музика застануваат на ова популарно место на кое можат да се слушнат музичари од различни жанрови, а освен тоа и цената на пијалаците е прилично евтина.

Ботаничките градини

Ќе го изгубите поимот за време ако се најдете во некоја од ботаничките градини исполнети со различни видови цвеќиња. Само внимавајте, градинарите имаат строг распоред на работното време и можат да ве затворат во некој од стаклениците ако не ве забележат.

Уметничката галерија и музеј Келвингроув

Уметничката галерија и музеј Келвингроув претставува посебна атракција во Глазгов. Оваа локација која е слободна за посети, помина низ тригодишна адаптација пред повторно да биде пуштена во употреба во 2006 година. Во овој музеј има различни тематски галерии во кои се наоѓаат околу 8000 музејски експонати.

Езерото Ломонд

Езерото Ломонд (Loch Lomond) е една од најголемите природни убавини на Шкотска. Во негова близина се наоѓа и планината Бен Ломонд која е одлична за истражување и од која се пружа прекрасен поглед на езерото Ломонд.

Глазговската Некропола

Глазговската Некропола е совршено место ако сакате панорамски поглед на целиот град. На овие повеќеслојни  викторијански гробишта се закопани над 50 000 луѓе.

Катедралата

Отворена 1136 година, оваа катедрала претставува пример на готска архитектура. Ова е најстарата зграда во Глазгов која сè уште има активна христијанска заедница. Интересно е да се каже дека ова е единствената катедрала на шкотско тло која ја преживеала реформата во 1560 година, така што секако е вредна за посета.

 

Слични написи

Убавините на Бора Бора

admin

Егзотичниот остров Nusa Penida, Бали

admin

Астана и нејзината симболика

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.