Лионел Меси, најдобриот фудбалер на светот, саботниот натпревар на Ел Класико го заврши со повреда.
Повредата е на препоните, ја чувствува подолг период и неколку пати на натпреварите пријавил голема болка.
Како ќе се решава повредата на Меси засега не е објавено, но во целата ситуација добро е што следи период кога Барселона може да си дозволи да игра без него. Период без натпревари, но и следниот натпревар на Барселона против Рајо Ваљехано се смета како натпревар кој може да се одигра без него.
Меси има време да собере сила до натпреварот во Лигата на шампионите против Лион.