Автомобилизам

Мерцедес S65 AMG заминува во историјата

 

Мерцедес со појавувањето на автосаемот во Женева, освен возбуда, ќе донесе и горчина, а за некого и тага. Покрај моделот SLC, во историја заминува и легендарниот S65 AMG.

Ерата на моќните V12 biturbo мотори кои се вградуваа во најпрестижните модели на Мерцедес се приближува кон крајот.

На саемот во Женева од Мецедес подготвија специјална едиција на последниот модел на престижниот S65 AMG, со назив Final Edition.

Последната едиција ќе се разликува од стандардната по ексклузивно металик црната боја, посебно изработените 20-инчни бандажи во бронзена боја, црните завршетоци на издувните цевки и по ознаката под хаубата “One man, one engine”, која означува дека секој 6 литрен V12 biturbo мотор е составен од само еден механичар во фабриката. Деталите во внатрешноста, како и досега, ќе бидат врвни како што и доликува но знаменосецот на Мерцедес.

 

Слични написи

Opel најавува повлекување на моделите Adam, Karl и Cascada

admin

Veneno Roadster е најскапиот хиперавтомобил на Lamborghini некогаш продаден на аукција

Biba

Најбрзиот спортски компактен автомобил е?

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.