Автомобилизам

Мерцедес ги напаѓа БМВ и Ауди

Жестока битка за тронот во сегментот на најелитните СУВ возила се води помеѓу GLE, Q7 и X5.

Да се потсетиме дека позади ознаката на Мерцедес GLE се крие старата М класа на СУВ возила. Првиот Мерцедес М класа e презентиран 1998 година со ознака на моделот W 163, следниот во 2006 година со ознака на моделот W 164, а третиот со ознака W 166 во 2011 година. Со фејслифт, третата генерација на М моделот се преименува во GLE  во 2015 година.

Во споредба со претходниците, новиот GLE е попростран, полуксузен и поопремен. Всушност е ризница на технолошки новитети во автоиндустријата. Со меѓуосовинско растојание зголемено за 8 см, комфорот е видливо подобар, особено за патниците назад кои имаат дури 69 мм поголем простор за колената. Профитираше и багажникот кој има простор од дури 825 литри, а со спуштање на задните седишта се зголемува до 2055 литри.

Напредната 48 волтна инсталација воведена е како стандард, а посебно внимание привлекува новата генерација на ЛЕД предни светла со распон од дури 650 метри. Тоа колку е подобрен најдобро илустрира податокот дека со благо зголемување на габаритот, значително е подобрена аеродинамиката со намален коефициент на отпор од 0,32 на 0,29, што е најдобар резултат во класата.

Што се однесува до понудата на мотори тука од Мерцедес се прилично таинствени. Објавено е само дека GLE 450 4Matic ќе користи комбинација од 3 литарски реден, со 6 цилиндри, турбо бензинец со 362 кс, и електро мотор со 21 кс. Силата ќе се пренесува на сите тркала, а менувачот е автоматски со 9 степени на пренос со ознака 9G-TRONIC.

Веќе на крајот од оваа година најавено е појавувањето на купе изведбата која директно ќе го нападне претставникот на Ауди Q8.

Слични написи

AUDI A6 доби Black Edition верзии

Biba

Кен Блок ја освојува планината Тианмен во Кина

Biba

Топ седум автомобили побрзи од Формула 1

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.