Меколи Калкин со детали за пријателството со Мајкл Џексон

Кликнете на копчето "Сподели" и другите да го прочитаат написот.
  •  
  •  

Детето кое се прослави со улогата на Кевин Мекалистер во филмот со неколку продолженија Сам дома (Home alone),  реши да открие неколку детали за пријателството со Мајкл Џексон додека растел и се градел како актер.

Сега веќе возрасен, Калкин низ кариерата имаше многу славни периоди, но и такви со кои баш и не се гордее.

Тој раскажа детали за тоа како додека бил мал неговиот татко го злоставувал, а семејството Џексон му пружило прибежиште и поддршка додека бил дете и се пробивал низ светот на актерството.

“Дојде во бекстејџот пред емисијата во друштво на Доналд Трамп, тогаш медиумски магнат, ме погледна и рече дека од некаде ме познава, се насмевна и рече дека ги гледал моите филмови и дека многу му се смешни”, изјави Калкин.

“Никој не ги поддржува детските актери додека се развиваат, а тој нè покани да се дружиме во неговиот дом. Беше прекрасно и искрено пријателство”, додаде Калкин.

Изјави дека иако Мајкл Џексон често бил поврзан со педофилија, тој тоа никогаш го нема видено ниту почувствувано на своја кожа. Никогаш не му било јасно зошто воопшто даваат такви изјави за него.

Јасно стави на знаење дека никогаш нема да открива детали од неговото детство и друштво со Џексон, ниту за односот со ќерката на Мајкл Џексон, Парис, на која ѝ е кум.