Мајчиното млеко влијае благотворно на развојот на мозокот кај предвреме родените бебиња

 

Мајчиното млеко има бројни позитивни ефекти во развојот на бебињата. Меѓу нив е и позитивното влијание на мозокот кај предвреме родените бебиња.

Според најновата студија, тоа го зголемува нивото на хемикалии кои се клучни за растот и развојот на мозокот на новороденчињата со многу мала родилна тежина.

“Нашите претходни истражувања покажаа дека кај предвреме родените бебиња кои на почетокот добиваа мајчино млеко подобрен е развојот на мозокот”, изјавува Кетрин Лимперопулос, една од истражувачите во студијата.

За новата студија нејзиниот тим користел “протонска магнетно-резонантна спектроскопија”. Неинвазивното снимање го открива хемискиот состав на одредени специфични структури на мозокот, овозможувајќи им на научниците да ги менуваат метаболитите неопходни за растење.

Со помош на оваа технологија научниците ги испитувале мозоците на бебињата со многу ниска родилна тежина (под 1,5 килограми). Доенчињата се родени после помалку од 32 недели бременост.

Тимот се фокусирал на фронталната бела маса и церебелумот, регионот во мозокот кој е вклучен во одржување на рамнотежа, координација на мускулите и поддршка на фини ментални функции.

Во споредба со децата кои биле хранети со кравјо млеко или млеко во прав, децата кои примале мајчино млеко имале значително поголемо ниво на изонитол во церебралната бела маса и значително поголемо количество на креатин.

Докторката Кетрин Отолини, научник одговорен за оваа студија, вели дека нивото на клучните метаболити се зголемува кога мозоците на бебињата доживуваат експоненцијален раст. Овој процент значително се зголемува во деновите кога бебињата се хранат со мајчино млеко.

“Креатинот го олеснува рециклирањето на АТП. Воочувањето на поголеми количини на овој метаболит означува брза промена и зголемено созревање на клетките, а кога се создаваат нови клетки гледаме зголемување на нивото на холин”, вели Отолини.

 

Копирањето на содржината е забрането!