Технологија

Мајкрософт со Андромеда влегува во битката на телефони со екрани на преклоп

Битката за мобилни телефони со екран на преклоп сè повеќе се вжештува. Се зголемува бројот на учесници со свои модели.

Мајкрософт со моделот Андромеда реши да се приклучи со желба да земе дел од колачот наречен – пазар на мобилни уреди.

Податоци за Андромеда скоро и да нема. Единствено се знае дека кога ќе се преклопи, уредот ќе се однесува како мобилен телефон, а кога ќе се отвори целата големина на екранот ќе ја има функцијата на таблет. Се знае дека ќе го користи Windows оперативниот систем за телефони и се навестуваат подобрувања во самиот оперативен систем.

Официјално се наведува дека Андромеда ќе се појави во 2019 година заедно со новата верзија на конзолата за играње Xbox One, подобрените Surface лаптопи со AMD процесори наместо Intel.

Слични написи

Инстаграм оневозможи прегледување на профилите доколку не сте најавени

Biba

Комплетно замрачување на Сонцето

Biba

Huawei официјално го претстави Y7 Pro 2019

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.