Сè поголем број на мали компании низ светот се решаваат за скратување на работната недела и тврдат дека со ова постигнале драстично зголемување на продуктивноста.
Така и Мајкрософт во своите канцеларии во Јапонија реши да го примени ова искуство. Летово, Мајкрософт-Јапонија го претстави проектот “Предизвик на работниот век” со кој во петок канцелариите се затворени, а вработените имаат слободен ден. Резултатите што ги добиле биле повеќе од добри. Продуктивноста се зголемила за дури 40 % во однос на истиот период минатата година.
Освен скратувањето на работната недела, менаџерите апелираат состаноците да траат што е можно пократко (не подолго од 30 минути).
Според интерната анкета спроведена во Мајкрософт, дури 90 % проценти од вработените во канцелариите во Јапонија биле задоволни од мерките.
Исто така, се напоменува дека на овој начин се намалува трошокот за електрична енергија.
Планот на Мајкрософт во Јапонија е да апелираат и до другите компании да го применат нивното искуство.
Останува да се видат резултатите.