Гастрономија

Мафини со банана

 

Потребни состојки:

1 1/2 чаша брашно

1 прашок за печиво

1 лажичка сода бикарбона

1/2 лажичка сол

3 големи банани

1/2 чаша шеќер (може и 3/4 чаша кафеав шеќер)

1 јајце

1/3 чаша стопен путер

Начин на подготовка:

  1. Брашното, прашокот за печиво, содата и солта помешајте ги во еден сад. Бананите испасирајте ги, па заедно со јајцата, стопениот путер и шеќерот, измешајте ги во еднолична смесата.
  2. Оваа смеса додајте ја во брашното и измешајте сите состојки да се соединат. По желба може да додадете малку цимет, сечкани ореви, ванила и други зачини.
  3. Со лажица од оваа смеса наполнете ги калапите кои претходно сте ги намастиле или сте ставиле хартиени корпички.
  4. Печете 10-15 минути во рерна загреана на 180 степени Целзиусови ако се калапите мали,  а ако се поголеми печете ги 20-30 минути.

На здравје!

 

Слични написи

Домашен леб што не се меси

Biba

Карамел сос

Biba

Здрава домашна гранола

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.