Патуваме

Мароко – портата на Африка

Рабат, Тангер, Маракеш, Фес, се само некои од имињата на населбите кои ги паметиме од ориенталните бајки. Тие се наоѓаат во Мароко, кралство на Магреб во северозападна Африка. Мароко се карактеризира со плажи покриени со ситен песок, маестрални планински градини со водопади кои го одземаат здивот, вечни снежни пејзажи и, се разбира, фасцинантна пустина со божествени оази.

Покрај културното и уметничкото богатство, Мароко е проткаено и со различни вкусови. Шарените пазари и плоштади нудат разновиден зеленчук и овошје, како и мирисни ориентални зачини. Основни прехранбени производи во овој регион се житарките, јаткасти плодови, месо од живина, но и козјо, овчо и говедско месо. Рибите и морските плодови често се на масата во близина на морето. Едно од националните јадења е таџин. Ова име крие варено рагу од месо, пилешко, риба и зеленчук, а садот во кој се служи е плиток, со капак од печена глина. Традиционалниот кускус и хариса се служат со таџин.

Џамиите се раскошно украсени, пред сè, со оригинални мозаици. Верниците се молат на шарени теписи. Фасцинантната пространост и апсолутен мир привлекуваат бројни туристи да ја посетуваат пустината секоја година. Со малку среќа на патот ќе сретнете интересно облечени Бербери, кои патуваат низ пустината во карвани на камили. Уметнички дела, разновидни материјали и теписи ве очекуваат на Соук, пазарот во Маракеш. Ако сте добар преговарач, можете да ја намалите цената. Урмите, смоквите, портокалите и свежиот зеленчук се само дел од овошјата кои успеваат на плодната мароканска почва. На „Патот на Касбах“ во долината Дадес се наоѓа прекрасната оаза Скура. Создадена е во некогашното корито на реката, а во светот е позната по производството на розова вода, која се користи за подготовка на слатки.

Мавританска архитектура, прекрасни пејзажи, гужва на плоштади и пазари, како и неодоливи кулинарски специјалитети се само дел од карактеристиките на Мароко.

Можеби ќе ве интересира

Убавините на Бора Бора

admin

Најубавото место на светот

admin

Сејшелите, бисери во Индискиот Океан

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.