Автомобилизам

Марк Вебер го тестираше новото Porsche 911 GT2 RS Clubsport

Бившиот возач на Формула 1, Австралијанецот Марк Вебер ја доби можноста на тркачка патека да го проба Porsche 911 GT2 RS Clubsport.

Porsche 911 GT2 RS Clubsport е модел кој е изработен во само 200 примероци.

Марк Вебер го тестираше 911 GT2 RS Clubsport на патеката Mount Panorama во Батхрст. Ова е негово прво возење на оваа патека по 24 години, бидејќи последен пат возел на неа во 1995 година кога се натпреварувал на шампионатот на Формула Форд.

Вебер не ја криеше возбудата од перформансите на 911 GT2 RS Clubsport и додаде дека се работи за чистокрвен автомобил за тркачка патека.

Возењето беше интензивно, иако Вебер не ја притискаше педалата за гас до максимум, а на рамната делница на патеката е регистрирана максимална брзина од 296 km/h.

Clubsport не е единствениот тркачки автомобил базиран на 911 GT2 RS (991.2), бидејќи неодамна се појави новиот модел 935 Moby Dick. Овој модел е поексклузивен од Clubsport и е направен само во 77 примероци.

Слични написи

Најскапите автомобили на светот – повеќе од превозно средство

admin

Mercedes AMG го претстави новиот CLA 35, троволуменец со 302 коњски сили

Biba

Porsche Carrera GT преработен во тјунинг компанијата Gemballa

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.