Премиерата на вториот дел на популарниот мјузикл „Mamma Mia!“ во Лондон го одбележа сочниот холивудски бакнеж на двете оскаровки Шер и Мерил Стрип.
Фотографите го овековечија овој неочекуван потег, а корисниците на социјалните мрежи побрзаа да ја рашират фотката на 72-годишната Шер и 69-годишната Стрип, со коментари дека не им е баш најјасно што и зошто се случува.
Двете оскаровки во „Mamma Mia!Here we go again“ играат мајка и ќерка, па фановите останаа збунети која е целта на ваквиот, очигледно, ПР потег, за промоција на филмот за кој критичарите велат дека тешко ќе ја достигне славата на оригиналот од 2008 година што заработи над 600 милиони долари на киноблагајните ширум светот.
Во продолжението, покрај Стрип и Шер, играат и Колин Фирт, Лили Џејмс, Енди Гарсија и други.