Select Page

Малку поинаква салата со марула

Малку поинаква салата со марула

 

Потребни состојки:

10 чаши марула, исечкана или искината со раце

2 средни јаболка, исечкани на коцки

2 средни круши, исечкани на коцки

1 чаша рендан кашкавал

1/2 чаша суви боровинки

Прелив:

6 лажици лимонов сок

3 лажици канола масло (масло од репка)

1-1 1/2 лажичка рендан или ситно исечкан кромид

1-1 1/2 лажичка сенф

1/2 лажичка сол

1/2 чаша исечкани и малку засолени бразилски ореви

Начин на подготовка:

  1. Во голем сад за салата измешајте ги првите пет состојки.
  2. Во друг сад измешајте го лимоновиот сок со маслото, потоа додајте го кромидот, сенфот и солта. Повторно измешајте.
  3. Со овој сос прелијте ја салатата одозгора и на крај посипете ги исечканите бразилски ореви.

На здравје!

 

 

Наши пријатели

Патување низ времето

Follow Us

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.