Спорт

Македонија се искачи на првото место во групата

Со победата над Швајцарија со 30:24 младинската ракометна репрезентација на Македонија се позиционираше на првото место во групата.

Избраниците на селекторот Данило Брестовац по неочекуваниот нерешен резултат со Италија, против најсилните во групата покажаа ниво на игра за почит. Со оваа победа, Македонија изби на првото место во групата со пет бода, само еден повеќе од Швајцарија и од Украина и е на чекор до пласман во полуфиналето на шампионатот.

Утрешниот ден е слободен за ракометарите. Во четврток ќе се игра решавачкиот натпревар со Украина, а со тоа ќе се добие вториот патник во полуфиналето.

Македонските ракометари ќе треба да земат само еден бод и со тоа да си ја осигураат позицијата.

Related posts

Страшен пад на двократната светска шампионка

Biba

Почина Серџо Маркионе, поранешниот шеф на Фиат

admin

Новак Ѓоковиќ и Симона Халеп прогласени за најдобри тенисери во 2018 година

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.