Потребни состојки:
250 г макарони
150 г мортадела, исечкана на кратки ленти или на коцки
2 лажици маслиново масло
2 лажици исцеден сок од лимон
1/2 лажичка сол
1/2 лажичка сенф
2 лажици француски магдонос разделен на цветчиња
1/3 чаша рендан пармезан
свежо сомелен црн бибер по вкус
Начин на подготовка:
- Макароните сварете ги според упатството на пакувањето, исцедете ги од водата и ставете ги во голем сад.
- Маслиновото масло, лимоновиот сок, солта и сенфот измешајте ги заедно да направите прелив.
- Преливот истурете го врз макароните и измешајте ги убаво да се покријат.
- Кога целосно ќе бидат оладени, додајте ги мортаделата, пармезанот и магдоносот. Измешајте, и ако треба зачинете со сол и бибер.
На здравје!