Гастрономија

Макарони во сос од печурки

 

Состојки:

25o г макарони по ваш избор

3 лажици маслиново масло

2 чешниња лук, ситно насечкани

1 помала главица кромид, ситно насечкана

340 г насечкани шампињони

сол и бибер по вкус

2 лажици брашно

2 чаши млеко

1 чаша изрендан пармезан

Подготовка:

  1. Макароните сварете ги според упатството, да бидат ал денте. Исцедете ги од водата и ставете ги настрана.
  2. Во тенџере на средна температура ставете ги маслиновото масло, лукот и кромидот и пржете додека да омекне кромидот, околу 2 минути.
  3. Додајте ги печурките и гответе уште пет минути. Ставете сол и бибер по вкус. Ако ви се чини дека смесата е премногу сува, додајте уште 1-2 лажици маслиново масло.
  4. Потоа додајте го брашното, убаво промешајте и гответе додека да добиете кашеста конзистенција, уште една минута.
  5. Потоа почнете полека да го додавате млекото и да ги разбивате грутчињата од брашно кои можеби ќе се направат. Гответе уште 5-7 минути со повремено мешање, додека да се згусне сосот.
  6. Тргнете го тенџерето од шпорет и додајте го изренданиот пармезан.
  7. На крајот, во тенџерето ставете ги сварените макарони и полека измешајте да се соединат сите состојки.
  8. Послужете ги макароните додека се топли и по желба декорирајте ги со насечкан магдонос.

На здравје!

 

Слични написи

Супа од спанаќ и компири

Biba

Шпагети со топчиња од месо

Biba

Мока кафе со какао

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.