Мазда останува фокусирана на развојот на моторите со внатрешно согорување

Кликнете на копчето "Сподели" и другите да го прочитаат написот.
  •  
  •  

Иако сè повеќе се зголемува присуството на хибридните и електричните мотори кај автомобилите, во Мазда сепак остануваат на ставот дека времето на бензинските и дизелските моторите не е поминато.

Заради различните начини на производство на електрична енергија во одреден делови на светот, од Мазда сметаат дека ако се земе во предвид емисијата на CO2, електричните возила баш и не се во предност во однос на конвенционалните бензински и дизел возила. Тоа е причината поради која Мазда ќе продолжи со развојот на бензинските и дизел моторите за своите возила.

Првиот човек на Мазда за развој на моторите Ичиро Хиросе, вели дека има уште простор за подобрување на моторите со внатрешно согорување, што ќе резултира со намалување на потрошувачката за 30% и намалување на емисијата на штетни гасови.

Првиот во низата на најмодерни SkyActiv мотори пристигнува во новата четврта верзија на Мазда 3.