Сцена

Мадс Микелсен е најдобриот платен убиец на светот во најновиот шпионски трилер “Polar”

Нетфликс го објави првиот трејлер за шпионскиот трилер “Polar”, кој премиерно ќе биде прикажан на 25 јануари. Филмот претставува адаптација на стрипот Polar: Came with the cold, од авторот Виктор Сантос, во издание на Dark Horse Comics.

Во улогата на пензионираниот платен убиец Данкан Визла со алијас Црниот Кајзер, се појавува Мадс Микелсен. Визла живее сам во ладно и снежно опкружување, во планирана изолација. Тој и неговата сосетка Камила (Ванеса Хаџинс) стануваат цел на група од помлади и побрзи убијци, кои сакаат да го ликвидираат Визла.

“Мадс Микелсен е роден за да го игра најдобриот платен убиец на светот. Тој е целосно веродостоен како Црниот Кајзер”, вели продуцентот Џереми Болт.

Ова е вториот акционен трилер – заедно со филмот “Арктик” – во кој ќе го гледаме Микелсен во главна улога, како се бори за својот живот во сурови поларни услови.

Режијата на “Polar” е на шведскиот режисер Јонас Акерлунд, а во другите улоги, покрај Микелсен и Хаџинс, ќе ги гледаме Кетрин Виник, Мет Лукас, Џони Ноксвил, Ричард Драјфус и други.

Можеби ќе ве интересира

Излезе официјалниот трејлер на римејкот на Lion King

Biba

Моника Белучи преговара за учество во продолжението на „Јужен ветер“, Вилијам Болдвин потпиша договор

dart

Ѕвездата од филмот 50 Нијанси на сиво – активист на социјалните мрежи

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.