Сцена

Мадона шокираше со своето појавување на Греми наградите

Пејачката Мадона присуствуваше на доделувањето на Греми наградите и ги шокираше своите обожаватели со поинаков изглед. Многумина и испратија негативни коментари на социјалните мрежи.

„Се обидувам да го игнорирам фактот дека Мадона има сосема ново лице, но тоа е невозможно. Дали таа има огледало?“, напиша еден корисник на Твитер.

 

„Ужасно. Што се случи со нејзиното лице?“, додаде друг.

“Изгледа како имитатор на Мадона. Целосно си го уништи лицето”, е исто така еден од коментарите.

Пејачката веќе некое време објавува чудни фотографии на својот Инстаграм профил, а на секоја од нив изгледа сосема поинаку.

Иако инсистира дека не отишла „под нож“, фотографиите и видеата покажуваат поинаку. Нејзините обожаватели веруваат дека таа претерала со инјекциите на ботокс и импланти и дека треба да постапува во склад со годините.

Слични написи

Осум работи што најверојатно не сте ги знаеле за Рами Малек

Biba

Славни личности и нивните верзии од младоста

admin

Ford v Ferrari – филм што не се пропушта

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.