Мадона со таинствено видео го промовираше својот најнов албум

 

Мадона сo кратко видео на социјалните мрежи го промовираше својот најнов албум со наслов “Madame X”.

Со малку загадочен спот во кој на неколку наврати поп-иконата менува гардероба, што симболизира промена на нејзиното алтер-его, низ краткиот клип објаснува дека “Madame X” е таен агент кој патува низ светот менувајќи идентитети, борејќи се за слобода и носејќи светлина во темните простори.

Во саботата Мадона за прв пат го покажа концептот на “Madame X” во таинствен напис на Твитер и Инстаграм, каде што Мадам Икс ја претстави како професорка, шеф на држава, пејачка од кабаре, проститутка итн.

“Madame X” е четиринаесеттиот студиски албум во кариерата на Мадона и воедно прв после 2015 година, кога го објави албумот “Rebel Heart”.

 

 

Копирањето на содржината е забрането!