Ова е рецепт за леб кој се прави без месење, за буквално пет минути мешање со водена дрвена лажица. Одвнатре е воздушест и мек, а однадвор крцкав. Не може да се утне.
Потребни состојки:
3 чаши брашно
1 1/2 лажичка сол
1/2 лажичка инстант квасец
1 1/2 чаша вода на собна температура
Начин на подготовка:
- Во поголем сад измешајте ги брашното, солта и квасецот. Потоа додајте ја водата и мешајте со лажица додека да добиете тврдо лепливо тесто. По потреба додајте уште неколку лажици вода. Покријте го садот со пластична фолија и оставете го тестото да отстои 12-18 часа на собна температура.
- Кога ќе бидете подготвени за печење, загрејте ја рерната на 220 степени Целзиусови и во неа загрејте го огноотпорниот сад во кој ќе се пече лебот (околу 30 минути). Тестото префрлете го на добро набрашнета површина (може врз хартија за печење) и обликувајте топка (без месење) наросена со брашно.
- Заедно со хартијата за печење префрлете го тестото во огноотпорниот сад и печете го покриено со капак околу 30 минути. Потоа тргнете го капакот и печете го лебот откриен уште 10-15 минути да добие златнокафеава крцкава кора. Потоа извадете го од рерна и сервирајте го топол или ладен по ваша желба.
На здравје!