Флексибилните екрани од ден во ден сè повеќе привлекуваат внимание во светот на технологијата, но и во светот на модата.
Таков е и случајот со женската чанта на Луи Витон со флексибилен екран.
Во случајов, во Луи Витон користат флексибилен AMOLED екран со резолуција 1920 x 1440 пиксели. Се работи за два модела кои беа прикажани на модна ревија во Њујорк неделава.
Едниот од моделите на чанти имаше еден екран, додека другиот модел беше опремен со два екрана кои прикажуваа видеа на градови по случаен избор.
Информации за производителот на екраните што се користат на чантите од Луи Витон нема, а нема ни информација дали и кога би се појавиле овие чанти на пазарот.
Со оглед на тоа дека слушалките на Луи Витон чинеа дури 1000 долари, се прашуваме колку ли би чинеле чантите.
https://www.instagram.com/p/BxO8Vn5gkRt/?utm_source=ig_web_copy_link