Здравје

Лошата орална хигиена за време на бременоста може да биде кобна за бебето

Докторите ги предупредуваат трудниците за опасностите од болестите на непцето, откако почина новороденче заради лошата орална хигиена на неговата мајка.

Ова е прв случај во кој орална бактерија е одговорна за смртта на бебе кое е речиси целосно развиено. Студијата која ја објавило списанието “Педијатрија и гинекологија”, го открива случајот на една 35-годишна жена која имала обичен гингивитис. Но, бактеријата била пронајдена во крвотокот, белите дробови и во стомакот на бебето.

Научниците сметаат дека какво било нарушување на амнионската течност (која го опкружува нероденото бебе во постелката), може да му нанесе ризик и на плодот и на мајката, поради што инфекцијата на непцето е сериозна закана.

По превентивниот третман, мајката на мртвороденчето во својата втора бременост родила здраво дете.

Доктор Најџел Картер од Британското здружение на стоматолози, објаснува: “Овој случај докажува дека недоволната орална хигиена кај трудните жени може да има значајно влијание врз нероденото дете. Ако сте трудница, навистина е важно да водите грижа за здравјето и хигиената на вашето непце и на устата”.

Слични написи

Два зачина кои можете да ги додадете во кафето секое утро за побрз метаболизам

dart

Телесната болка се намалува ако го држите повреденото место

Biba

Полови болести можат да се добијат и без секс

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.