Лондон е прогласен за најдобра туристичка дестинација

 

Traveller’s choice ја промовираше овогодинешната листа на најдобри туристички дестинации.

На врвот на листата е Лондон, а второто, третото и четвртото место го имаат Парис, Рим и Крит.

Рангирањето се спроведува со помош на алгоритам кој ги пребарува рецензиите за туристичките дестинации од Trip Advisor во текот на годината, ширум светот.

Еден од најпопуларните градови, Њујорк, падна за три позиции подолу за разлика од минатата година, и сега се наоѓа на тринаесеттото место. Веднаш зад него е Јамајка.

Минатата година Лондон ја имаше втората позиција, но од Trip Advisor велат дека неговото поместување на првата позиција може да биде поради венчавката на војводата и војвотката од Сасекс.

“Глобалната фасцинација со Хари и Меган очигледно има големо влијание, бидејќи ова е прв пат по 2016 година Лондон да биде на врвот на листата на најпосакувани дестинации”, изјави Хејли Колман, портпарол на Trip Advisor.

Бидејќи кралското бебе е на пат, се очекува Лондон и следната година да биде на врвот.

Бали ја има петтата позиција на листата, а тајландското летувалиште Пукет е шесто.

На листата до десеттото место се Барселона, Истанбул, Маракеш и Дубаи.

 Топ 25 најдобро рангирани дестинации во светот:

  1. Лондон, Велика Британија
  2. Париз, Франција
  3. Рим, Италија
  4. Крит, Грција
  5. Бали, Индонезија
  6. Пукет, Тајланд
  7. Барселона, Шпанија
  8. Истанбул, Турција
  9. Маракеш, Мароко
  10. Дубаи, ОАЕ
  11. Прага, Чешка Република
  12. Сием Риеп, Камбоџа
  13. Њујорк, САД
  14. Јамајка, Кариби
  15. Ханој, Виетнам
  16. Токио, Јапонија
  17. Плаја дел Кармен, Мексико
  18. Лисабон, Португалија
  19. Катманду, Непал
  20. Јаипур, Индија
  21. Хургада, Египет,
  22. Хонг Конг, Кина
  23. Куско, Перу
  24. Сиднеј, Австралија
  25. Тел Авив, Израел

Топ 25 најдобро рангирани дестинации во Европа:

  1. Лондон, Велика Британија
  2. Париз, Франција
  3. Рим, Италија
  4. Крит, Грција
  5. Барселона, Шпанија
  6. Истанбул, Турција
  7. Прага, Чешка Република
  8. Лисабон, Португалија
  9. Мајорка, Шпанија
  10. Тенерифе, Шпанија
  11. Санторини, Грција
  12. Фиренца, Италија
  13. Родос, Грција
  14. Амстердам, Холандија
  15. Венеција, Италија,
  16. Корзика, Франција
  17. Будимешта, Унгарија
  18. Мадеира, Португалија
  19. Малта
  20. Берлин, Германија
  21. Единбург, Шкотска
  22. Санкт Петербург, Русија
  23. Виена, Австрија
  24. Манавгат, Турција
  25. Краков, Полска
Забрането е копирање на текстот!