Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Лимузината на Путин ѝ се претстави на Европа

  •  
  •  

 

Ролс Ројс и Мајбах добија сериозна конкуренција.

Руската компанија Аурус со финансиска помош од руската држава се претстави на саемот во Женева и реши директно да ги нападне Ролс Ројс и малку подзаборавениот Мајбах на нивен терен.

Лимузината во која Путин има голема доверба ќе ги нуди своите удобности и квалитети на европскиот пазар. Целиот луксуз ќе им биде на располагање на луѓето што ќе можат да си го дозволат тоа.

Aurus Limousine L700 е поголемата верзија со должина од 6,62 метри и ширина од 2,02 метри, додека Aurus Senat S600 е помалиот автомобил со 5,63 метри должина и 2,02 метри ширина.

Во двете верзии луксузот е на највисоко ниво. Доминираат кожа, дрво, посебно изработени метални додатоци, а доминира и големиот дисплеј со солиден инфотејмент.

Под хаубата има 4,4 литрен V8 мотор со хибриден концепт, 598 кс и 880 Нм. Од 0-100 помалиот Senat S600 постигнува за околу 6 секунди, додека блиндираната верзија Limousine L700 за 9 секунди. Преносот е на сите тркала со менувач со 9 степени на пренос.