Лејди Гага освои Златен глобус

Кликнете на копчето "Сподели" и другите да го прочитаат написот.
  •  
  •  

На синоќешното доделување на наградата Златен глобус, Лејди Гага ја освои наградата за песната Shallow.

Песната е дел од филмот “A star is born”, во кој таа и Бредли Купер ги имаат главните улоги.

Песната беше промовирана заедно со филмот и добија огромни симпатии од фановите.

На доделувањето на наградата таа истакна дека е презадоволна со сработеното и дека песната ја исполнила нејзината желба за оригинално прикажување на љубовна приказна.

За потсетување, песната во изминатиот период е на врвот на топ листите, а во филмот Лејди Гага и Бредли Купер имаат 4 дуети.

Исто така има 5 песни кои ги исполнува самиот Бредли Купер и 8 песни кои ги пее Лејди Гага сама.