Убавина

Лејди Гага лансираше свој бренд на шминка

 

Лејди Гага потврди дека неделава официјално ќе го лансира Haus Labоratories, својот бренд за шминка. Не појасни многу за производите, но како тизер прикажа како тие ќе изгледаат.

Производите на овој бренд, освен на официјалната веб-страница, ќе се продаваат и преку мрежата на Амазон. Како што изјави, нејзината шминка ќе биде достапна насекаде како што е достапна нејзината музика.

 

 

“Шминката ми го смени животот. Сите несигурности со кои се борам цел живот сè уште ми доаѓаат, но кога ќе се нашминкам, го чувствувам суперјунакот во себе. Ми дава крилја. Не велам дека само шминката ги охрабрува луѓето, туку дека тоа ми се случи мене”, изјави Лејди Гага за Алур.

 

https://www.instagram.com/p/BztP4qeFFiw/?utm_source=ig_web_copy_link

Колекцијата е составена од кармини, сјаеви за усни, моливи за очи, течни сенки, а ја карактеризираат интензивни тонови и јак пигмент.

 

Можеби ќе ве интересира

Може ли да се “поправи” кожата оштетена од сончање

Biba

Костими во ведри бои ќе бидат апсолутен тренд ова лето

Biba

Намирници за поздрава кожа

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.