Лесен рецепт за Манчмалоу колач

 

Ова колаче лесно се прави и не е скапо, а ретки се оние на кои не им се допаѓа. Од многуте рецепти за него, го издвојуваме овој кој секогаш излегува успешно.

Состојките се однесуваат на помал калап.

Состојки за пандишпанот:

4 жолчки

1 чаша шеќер

1 чаша млеко

1 чаша брашно

1/2 чаша масло

1 прашок за пециво

1-2 лажици какао

Една чаша = 200 мл

Состојки за кремот:

4 белки

5 лажици шеќер

1 ванилин шеќер

Глазура:

1 чоколадо за готвење

1-2 лажици масло

Начин на подготовка:

  1. Пандишпан: пенесто изматете ги жолчките со шеќерот, па додајте ги останатите состојки. Оваа смеса печете ја околу 40 минути на 180 степени Целзиусови.
  2. Крем: Изматете ги пенесто белките, постепено додавајќи ги шеќерот и ванилата.
  3. Кога ќе се испече пандишпанот, врз него сипете го изматениот крем и печете уште 5 минути.
  4. На крајот прелејте го колачето со глазура од стопено чоколадо.

На здравје!

 

Забрането е копирање на текстот!