Здравје

Лековитата магија на валеријаната

Валеријана (Valeriana officinalis) е цветно растение кое се наоѓа во Европа и делови на Азија. Од античко време, коренот на ова растение се користи за лекување несоница, нервоза, треперење, главоболки и срцебиење.

Во САД, коренот на валеријана главно се продава како помошно средство за спиење, додека во Европа се користи за лекување на немир и вознемиреност.

1. Несоница

  • Лесните седативни ефекти на валеријаната се користат за релаксација и спиење најмалку 2.000 години
  •  Валеријаната може да го подобри спиењето
  • Мета-анализа на 16 студии и 1.093 луѓе откри дека валеријаната ја подобрува брзината на заспивање, длабочината на сонот и целокупниот квалитет на спиењето
  • Во дводневна студија на 27 постари пациенти со ментални проблеми, 44% пријавиле совршен сон и 89% пријавиле подобрен сон со употреба на валеријана
  • Едномесечна студија на 16 лица со несоница открила дека единечна доза валеријана го подобрува времето за постигнување длабок сон и неговото времетраење

Исто така, нејзината главна придобивка е промовирање на природен сон по неколку недели употреба, без ризик од зависност или негативни здравствени ефекти. Кога се користи правилно, може да послужи како понежна алтернатива на вообичаените лекови за несоница.

2. Менопауза

На студија од 100 жени во менопауза со нарушувања на спиењето, коренот на валеријана значително го подобрила квалитетот на спиењето по 4 недели. Исто така, тримесечно истражување на 60 жени во менопауза покажало дека валеријаната значително ја подобрува сериозноста и фреквенцијата на топлотните бранови.

3. Анксиозност

Валеријаната е позната како „валиум на природата“, затоа што наводно има сличен ефект врз намалувањето на анксиозноста како бензодиазепините валиум и ксанакс. Една студија на 2462 возрасни лица со големо депресивно растројство и анксиозност открила дека високи дози на валеријана (1000 мг на ден) користени во комбинација со кантарион (600 мг на ден) за 6 недели ги намалуваат симптомите на анксиозност и депресија за 66%.

4. Справување со стресот

Во студија спроведена на 27 пациенти кои редовно биле будни ноќе со мисли кои предизвикувале стрес, 89% од тие пациенти имале подобар сон по еден месец третман со валеријана. Валеријаната исто така може да ги намали физичките реакции за време на стресни ситуации. Го забавила пулсот и го намалила крвниот притисок како одговор на стресот во двонеделното истражување на 56 здрави луѓе.

5. Менструални грчеви

Поради ова, таа најчесто се користи за лекување на грчеви во матката, поврзани со менструацијата. Тридневно истражување спроведено на 100 студентки покажало дека валеријаната е ефикасна во ублажувањето на болките за време на менструалниот циклус.

Слични написи

Дехидратацијата предизвикува малаксаност и запек, а може да биде и опасна по живот

Biba

Откриен е нов центар за болка во мозокот

admin

Причини заради кои треба да го избегнуваме кечапот

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.