Автомобилизам

Легендарниот модел на Шкода со ознака MB1000 слави 55 години

 

По сите спецификации од тоа време, моделот на Шкода со ознака MB1000 бил револуционерен. Од начинот на составување, користењето на алуминиум во блокот на моторот, до комплетниот процес на изработка.

Тоа бил првиот автомобил од Млада Болеслава кој влегол во масовна продукција.

Тој автомобил бил симбол на Источна Европа, и заради својот квалитет и револуционерност многу почитуван.

Компактниот семеен автомобил користел самоносечка каросерија и еднолитрен мотор поставен во задниот дел од каросеријата.

И тогаш како и денес, фабриката во Млада Болеслава користела најсовремена технологија и методи за изработка на автомобилите. Во тоа време било реткост да се користи алуминиумско куќиште за моторот и менувач со 4 степени на пренос.

Моторот се базирал на патент од 1922 година, регистриран од чешкиот инженер Јозеф Полак, и бил со тежина од само 105 килограми. Заради начинот на лиење немало потреба од дополнително бушење на дупки, со што значително се намалувало времето за склопување.

Од 1962 до 1964 година биле произведени 50 прототипови од овој модел, кои ги тестирале така што поминале дури 1.598.840 километри, вклучително и во ладниот Сибир, и покажале одлични резултати.

Перформансите на системот за кочење, ладење и системот за гориво се тестирани на ладниот Кафказ, на температури до -45 степени.

Ознаката  MB1000 ја означувала кубикажата на моторот, а буквите МБ – Млада Болеслава.

Имал тежина од само 755 килограми, и моторот што испорачувал 37 коњски сили со леснотија преку задната осовина го движел автомобилот и постигнувал максимална брзина од 122 km/h.

Во 1964 година е официјално претставен на саемот во Брно и оттогаш од производствената лента излегувале повеќе од 1000 автомобили месечно и биле испорачувани насекаде низ светот.

 

Слични написи

Шкода официјално ја покажа внатрешноста на новиот Kamiq

Biba

Ламборџини ги претстави специјалните верзии на Aventador и Hurican

Biba

Тојота и Субару подготвуваат хечбек за 2022 година

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.