Автомобилизам

Легендарната Lancia Aurelia B20GT реставрирана и со полн сјај

Експертите за реставрација од Торнли Келам неодамна го завршија реставрирањето на еден од најпознатите автомобили на Ланчија, тркачкиот Aurelia B20GT. Одамна се веруваше дека автомобилот бил изгубен засекогаш, но сепак бил пронајден во магацин во Саутенд, од ко-основачот на истоимената компанија Симон Торнли. Автомобилот првично беше купен во 1951 година од Џовани Бруко, кој исто така беше богат приватник и соработник на Џани Ланчија.

 

 

Три месеци по купувањето, автомобилот заврши на второто место во легендарниот Миле Миља, победи на ноќната трка во Каракала, а исто така ја освои својата класа во 24 часа на Ле Манс. Победи и на 6-часовната трка Пескара.  

 

 

Подоцна, автомобилот беше изменет, покривот беше спуштен како резултат на аеродинамиката, а првата трка после тоа беше Карера Панамерикана во 1951 година. После добриот почеток, четвртиот ден доживеал несреќа. Една година подоцна, автомобилот се врати на патеката и заврши на деветтото место. Тоа беше последната документирана трка на овој автомобил.  

 

 

Како и да е, Aurelia B20GT била пронајдена во САД и била транспортирана во Италија каде повторно ѝ се губи трагата, но подоцна била пронајдена во магацин во Англија.  

 

 

Автомобилот е драстично променет, вклучувајќи го задниот прозорец, поклопецот и внатрешноста на багажникот. Сите овие промени беа отстранети за време на реставрацијата, а автомобилот беше вратен во првобитната состојба благодарение на 3Д скенирањата и увидот во старите калапи од фиберглас.  

 

 

Што се однесува до каросеријата, за најдобрата автентикација се користени фотографии за да одговара на изгледот на верзијата од Панамерикана.  

 

 

Реставрацијата траела повеќе од три години и потрошени биле над 4 000 часа.  

 

Можеби ќе ве интересира

Најдобрата колекција суперавтомобили на светот

Biba

Ferrari F8 Spider – полесен и појак од своите претходници

Biba

Популарноста на новиот Porsche Taycan од ден во ден расте

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.