Автомобилизам

Ламборџини ги претстави специјалните верзии на Aventador и Hurican

 

На автомобилскиот саем во Женева оваа година, Ламборџини го претстави моделот Aventador SJ Roadster, но тоа не беше последната верзија на моќниот V12 суперавтомобил.

На саемот во Монтереј го покажа Aventador SJ 63 Roadster. Бројот 63 во ознаката ја претставува годината 1963 кога Ламборџини е основан.

 

 

Овој специјален Aventador всушност е принципот на персонализација на автомобилите по различни детали, бои и карактеристики. Значајно е да се напомене дека ќе се произведат само 63 примероци од оваа верзија.

Заедно со овој Aventador, претставен е и Hurican EVO GT Celebration, кој исто така е посебен. Со ознаката Celebration од Ламборџини сакаат да оддадат почест на успесите на овој автомобил на американското тло, особено на трките 24 часа Дејтона и 12 часа Сејбринг.

 

 

Автомобилот е со зелена боја и има низа на специјални детали.

Го придвижува истиот V10 мотор од тркачкиот автомобил и достапен е само на тлото на Северна Америка.

 

 

Слични написи

Гладни за секоја кривина: претставени новиот Porsche 718 Spyder и 718 GT4

Biba

Возачот на Ферари Ф1, Шарл Леклер, остана без часовник вреден 320.000 долари

dart

Tesla модел 3 од почеток до крај

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.