Гастрономија

Лазањи со модар патлиџан

 

Состојки:

2 големи модри патлиџани

5 чешниња ситно насечкан лук

1/2 лажичка крупен црвен пипер (буковец)

700-800 мл доматно пире

1 поголемо јајце

400-450 г рикота сирење

200 г рендано моцарела сирење

110 г рендан пармезан

2 лажички италијанска мешавина на зачини

маслиново масло, свеж босилек, сол по вкус

Начин на подготовка:

  1. Пресечете ги двата краја на модрите патлиџани (може и да ги излупите, но не мора), потоа исечете ги по должина на парчиња дебели околу 3 милиметри. Посолете ги од двете страни и оставете ги да отстојат околу 10 минути. Потоа, со хартиени бришачи благо впијте ја водата што во меѓувреме ќе ја испуштат парчињата модар патлиџан.
  2. Секое парче модар патлиџан пржете го на скара или во тавче со многу малку маслиново масло, по 2-3 минути од секоја страна (ако ви се брза, може да го прескокнете овој чекор).
  3. Во тава на средна температура на малку масло пржете го лукот со црвениот бибер околу 3 минути, или додека лукот да пушти арома (да не стане кафеав). Додајте го доматното пире со 1 лажичка сол, измешајте да се соединат состојките и оставете да крчка околу 10 минути. Ако има потреба намалете ја температурата (ако врие пресилно и прска). Додајте насецкан босилек, измешајте и тргнете ја тавата од шпорет.
  4. Во длабок сад изматете го јајцето со жица за матење, додајте ја рикотата, 150 гр од моцарелата, 80 гр пармезан и италијанската мешавина на зачини. Измешајте убаво да се соединат сите состојки.
  5. Наредете ја лазањата по следниот редослед: на дното на тавата за печење намачкајте подебел слој од црвениот сос; врз него наредете парчиња модар патлиџан да се прекрие целото дно на тавата (може парчињата да се преклопуваат); врз нив намачкајте тенок слој од мешавината со рикота; врз оваа мешавина повторно ставете црвен сос; врз него наредете парчиња модар патлиџан и повторете ја постапката на крај да завршите со црвениот сос одозгора. Остатокот од пармезанот и рикотата испрскајте го врз наредените лазањи.
  6. Печете околу 45 минути на 190 степени Целзиусови, додека сирењето да се стопи и потпече.
  7. По печењето извадете ја тавата од рерна и оставете ја да отстои на страна 15-20 минути пред да ја послужите лазањата. Декорирајте со насечкан свеж босилек.

На здравје!

 

Слични написи

Макарони во сос од печурки

Biba

Печени лепчиња

Biba

Домашни гумени бонбони

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.