Кaко се снима филм со затворени очи: Сандра Булок за улогата во “Bird Box”

Кликнете на копчето "Сподели" и другите да го прочитаат написот.
  •  
  •  

Филмот “Bird Box” кој се прикажува на Нетфликс многу брз стана хит на интернет: делумно заради квалитетот, а делумно заради невкусните шеги кои ги смислуваат луѓето заради врзаните очи на Сандра Булок, која ја толкува главната улога во филмот. Таа пак, вели дека снимањето било тешко поради тоа што постојано се удирала во камерите.

“Камерите се движат затоа што мора да ја снимат сцената, а јас се движам затоа што сум во сцената. Под нормални услови немам проблем со тоа, но сега имав превез на очите во секој момент и многу тешко се ориентирав. Повеќе пати се удирав во камерите затоа што не можев да се ориентирам”, низ смеење вели Сандра Булок.

Исто така, нагласува дека не го поддржува Bird Box предизвикот кој се рашири низ светот и станува сè попопуларен.

“Би ги замолила сите фанови на филмот да не го прават тоа. Тоа не го поддржува ни Нетфликс, мислам дека тоа е лош предизвик”, вели Булок.