Гастрономија

Крцкави компири на шпански начин

Потребни состојки:

2 лажици масло

3 лажици доматно пире

1 лажичка мелен црвен пипер

800 г компири, исечени на парчиња

4 чешниња лук

сок од 1/2 лимон

грст магдонос, грубо исечкан

Начин на подготовка:

  1. Измешајте ги маслото, доматното пире и црвениот пипер. Компирите распоредете ги во тепсија и премачкајте ги со смесата. Чешнињата лук згмечете ги со рамната страна од ножот и цели ставете ги помеѓу компирите.
  2. Зачинете со сол и бибер и печете 40 минути во рерна на 180 степени Целзиусови. На половина од печењето превртете ги за да се испечат од сите страни. Пет минути пред крајот испрскајте ги компирите со лимоновиот сок.
  3. Послужете ги со риба или пилешко месо.

На здравје!

Слични написи

Колбаси, пиперки и кромид во две варијанти

Biba

Освежително смуди од банана и киви

Biba

„Пијан“ коктел од лубеница кој одлично ќе ве разлади

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.