Oops! It appears that you have disabled your Javascript. In order for you to see this page as it is meant to appear, we ask that you please re-enable your Javascript!

Кристијано Роналдо со хет-трик против Атлетико

  •  
  •  

 

Јувентус на свој терен го совлада Атлетико и на своите фанови им приреди спектакл. Најзаслужен за тоа е Кристијано Роналдо со своите погодоци.  Комплетот од 3 гола беше одработен баш од него.

Рушењето на Атлетико започна во дваесет и седмата минута од првото полувреме со првиот гол, а продолжи во второто полувреме со голот во четириесет и осмата минута со постигнувањето на вториот гол на Роналдо. Третиот гол на Роналдо од пенал во осумдесет и шестата минута го однесе Јувентус во четвртфиналето на Лигата на шампиони.

Роналдо најави дека на натпреварот ќе постигне хет-трик, што и го оствари. Со еуфорија го прославуваше секој постигнат гол, особено третиот. И со добра причина. Со овој хет-трик Роналдо го стигна Меси по бројот на постигнати хет-трик погодоци во Лигата на шампиони, со што и двајцата имаат по осум, што претставува рекорд во овие натпреварувања.

На овој натпревар Роналдо имаше и други постигнувања кои се вредни за споменување, како 124 гола во 160 натпревари од Лигата на шампиони, триесет и трет натпревар против Атлетико со постигнати 25 гола и 4 хет-трик погодоци.