Кристијано Роналдо не е познат само како еден од најдобрите фудбалери на светот, туку и по неговиот интерес за скапи играчки на четири тркала.
Неговата колекција брои многу скапи автомобили: ферари, бентли, бугати, ролс-ројс, се само некои од брендовите што ги поседува.
Тој неодамна се пофали дека е единствен сопственик на најскапото бугати, La Voiture Noire.
Последниот примерок во неговата автомобилска ергела е McLaren Sena, автомобил кој чини “само” 750 илјади фунти.
Колку за потсетување, овој автомобил е произведен во ограничени 500 примероци.
https://www.instagram.com/p/Bx2IXW2oxtg/?utm_source=ig_web_copy_link