Бугати го претстави својот уникатен модел La Voiture Noire пред околу два месеци, а купувачот се држеше во тајност сè до сега. Мистериозниот купувач на моментално најскапиот автомобил на светот е Кристијано Роналдо, кој за овој модел одвои дури 16,5 милиони евра.
Славниот фудбалер, освен по фудбалот, познат е и по својата колекција на автомобили, на која ќе ѝ се придружи и La Voiture Noire.
Станува збор за автомобил кој е модерна интерпретација на моделот Type 57 SC Atlantic, а она што го прави овој автомобил ексклузивен е тоа што е произведен само еден примерок.
Каросеријата е карбонска, а го придвижува мотор 8L quad turbo W16 кој испорачува дури 1500 ks и 1600 Nm.
https://youtu.be/Nz-UuRTw4G0