Гастрономија

Крем супа со компири, праз и сланина

 

Потребни состојки:

25 г путер

3 ленти сланина

1 кромид исечкан ситно

400 г праз, добро измиен и исечкан ситно

3 средни компири, излупени и исечкани на ситни парчиња

1400 мл бујон од зеленчук

140 мл павлака

4 ленти сланина за сервирање, насечкани и испржени

Начин на подготовка:

  1. Во тенџере стопете го путерот и во него испржете ги сланината и кромидот со постојано мешање, да добијат златножолта боја.
  2. Додајте ги празот и компирот, намалете ја температурата и поклопете го тенџерето со капак следните 5 минути. Протресувајте го тенџерето од време на време за да не загори содржината.
  3. Додајте го бујонот, зачинете по вкус, измешајте убаво и кога супата ќе зоврие варете 15-20 минути додека зеленчукот да омекне.
  4. Откако ќе се свари, оставете ја супата неколку минути да се олади, а потоа изблендајте ја во блендер (на неколку пати ако не ја собира целата одеднаш), да добиете мазна и еднолична конзистенција.
  5. Вратете ја супата во тенџерето, додајте ја павлаката и убаво измешајте да се изедначи смесата. Ако има потреба, додајте зачини по вкус.
  6. Супата декорирајте ја со ситни парчиња пржена сланина и сервирајте ја додека е топла со тостиран или печен леб.

На здравје!

 

Слични написи

„Пијан“ коктел од лубеница кој одлично ќе ве разлади

dart

Спанаќ потпечен со сирење

Biba

Домашни корнети за сладолед

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.