Крем салата од брокула и сланина

Кликнете на копчето "Сподели" и другите да го прочитаат написот.
  •  
  •  

Потребни состојки:

4 1/2 чаши брокула разделена на цветчиња

8 парчиња сланина

1/4 чаша семки од сончоглед или сецкани ореви

3/4 чаша мајонез

1/4 чаша павлака

3 лажици јаболков оцет

1/4 чаша исецкан црвен кромид

сол и бибер по вкус

Начин на подготовка:

  1.  Парчињата сланина испржете ги, искршете ги на залчиња и тргнете ги на страна.
  2. Во длабок сад ставете ги мајонезот, павлаката, оцетот и зачините, и измешајте ги убаво со жица за матење.
  3. Во садот додајте ги брокулата, сланината, кромидот и оревите, и измешајте ги сите состојки да се соединат (ако не сакате да крцка, брокулата може претходно да ја обарите неколку минути и да ја оставите да се исуши пред да ја измешате во преливот).
  4. Оставете ја салатата најмалку половина час да отстои пред послужување, за да може брокулата да ги впие мирисите и вкусот од останатите состојки.

На здравје!