Летото е пред нас и едвај чекате вашата кожа и лице да добијат заводлив тен кој се чини дека ги крие сите несовршености. Меѓутоа, ако не сакате да го чекате тој изглед на исончана кожа, постојат производи за убавина кои совршено го имитираат. Тоа се бронзери кои на шминката ѝ дава исончан изглед, но и ја истакнува природната убавина на лицето, само треба да знаете како правилно да го нанесете. Кремастите типови на бронзер се особено популарни во лето, лесно се размачкуваат и ѝ даваат на кожата природен и сјаен изглед.
Пред да започнете со нанесување, подгответе ја кожата со чистење на лицето и нанесување хидратантна крема. Потоа нанесете го крем-бронзерот на местата на лицето кои природно потемнуваат кога сте изложени на сонце, како што се слепоочниците, јаготките итн. Добро размачкајте за да не останат видливи линии.
Предлози за пет бронзери со кои за кратко време ќе постигнете заводливо исончан и егзотичен изглед.
- Nyx – Wonder stick dual face lift
- Essence – Baby got bronze
- Max Factor – Miracle sheer gel bronzer
- Revolution – Chocolate bronzer
- NARS – Bronzing cream