Младинската кошаркарска репрезентација на Македонија извојува победа над маладинците на Албанија на Европското првенство, во Б дивизијата во Софија. Победија со резултат 77:69, и за Македонските младинци преставува трета победа по ред. Македонските кошаркари ќе се борат за позиција од деветото до тринаесетото место.Избраниците на селекторот Никола Василев и покраj константните осцилации во играта успеаја да се консолидираат и во значајните моменти обезбедија предност, а со тоа и победа.
Најефикасни кошаркари во нашиот тиме беа Виктор Ефремовски со 20 и Ранко Мамузиќ постигна 19 поени.
Македонија претходно ги совлада Азербејџан и Белорусија, а претрпе пораз од Летонија и Белгија. Групната фаза ја завршија на третото место.